Достапни линкови

УНХЦР ја поздрави заедничката балканска иницијатива за бегалците


Министерска конференција за решавање на проблемот со бегалците во поранешна Југославија во Белград.

Министерска конференција за решавање на проблемот со бегалците во поранешна Југославија во Белград.

Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, ја поздрави заедничката балканска иницијатива за помош на околу 200 илјади бегалци од војните во поранешна Југославија. Министрите за надворешни работи на Србија, БиХ, Црна Гора и Хрватска, вчера во Белград потпишаа декларација со која се обврзаа да најдат решение за најгорливите проблеми на бегалците, како што е наоѓањето постојан дом за 74 илјади луѓе што се уште живеат во привремени живеалишта. На состанокот во Белград присуствуваше и Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутерес.

Четирите земји се надеваат дека на донаторската конференција што треба да се одржи наредната година ќе соберат околу 580 милиони евра за финансирање на оваа регионална програма.
XS
SM
MD
LG