Достапни линкови

Собраниска работна група ќе го чешла случајот Љубе Бошкоски


Кога се наредени посебните истражни мерки против лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски?

Кога се наредени посебните истражни мерки против лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски?

Работна група од Собранието ќе утврдува дали во случајот со лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски е прекршен Законот за следење на комуникациите со примената на посебни истражни мерки. Работната група е составена од двајца пратеници од опозицијата и еден од парламентарното мнозинство, членови на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на МВР и МО.

На денешната седница, која беше затворена за јавноста, Комисијата, по разгледувањето на информацијата доставена од МВР за примена на посебни истражни мерки во врска со случајот на Бошкоски, заклучила дека во информацијата, освен тоа што стои дека МВР не следело посебни комуникации на Бошкоски преку мобилната, фиксната и сателитската телефонска мрежа, нема датуми за тоа кога се наредени посебните истражни мерки. Затоа работната група ќе побара увид во целокупната документација за комуникацијата меѓу МВР и Бошкоски, јавниот обвинител и истражниот судија.
XS
SM
MD
LG