Достапни линкови

Антикорупциска ја „покрива“ корупцијата


Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Воислав Зафировски.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Воислав Зафировски.

Според експертите, Антикорупциската комисија ја изгуби довербата и својата основна функција да биде контролор на власта.

Комисијата за спречување на корупцијата ја изгуби својата првенствена функција, да биде контролор на власта. Домашната стручна јавност посочува дека е потребна брза трансформација на овој орган, за да се врати довербата во неговата работа.
Едноставно се претвори во институција која што ги потврдува сите активности за коишто во јавноста ќе се појави било какво прашање или сомнеж во однос на трошењето на јавни пари.

Поранешниот антикорупционер Слаѓана Тасева вели дека комисијата мора да обезбеди целосна транспарентност во работењето. Не ја исклучува можноста дека комисијата е под директни или индиректни притисоци од надвор.

„Едноставно се претвори во институција која што ги потврдува сите активности за коишто во јавноста ќе се појави било какво прашање или сомнеж во однос на трошењето на јавни пари, тендери, јавни набавки, судири на интереси или било што друго“, вели Тасева.
Претседателката на Транспарентност нулта корупција, Слаѓана Тасева.

Претседателката на Транспарентност нулта корупција, Слаѓана Тасева.


Професорот Осман Кадриу вели дека идејата за постоење на вакво тело е одлична, но начинот на кој комисијата работи и недостигот од конкретни резултати го отвораат сомнежот за нејзиниот натамошен опстанок:

„Парламентот треба критички да направи осврт за работата на оваа Комисија и да се преиспита прво, дали треба да постои и второ, ако треба да постои по се изгледа според мое мислење треба да се изврши сериозна интервенција во самата комисија.“

Парламентот треба критички да направи осврт за работата на оваа Комисија и да се преиспита прво, дали треба да постои и второ, ако треба да постои по се изгледа според мое мислење треба да се изврши сериозна интервенција во самата комисија.
Начинот на кој се избираат членовите на оваа комисија дополнително го отвора прашањето за непристрасното работење на комисијата. Кадриу вели дека се штитат партиските, наместо наместо интересите на државата.

„Од составот на Комисијата има членови кои се поврзани со една или друга партија и во таа смисла се штитат и нивните интереси, а не она што е интерес на државата, а тоа е ефикасност, непристрасност и одговорност на комисијата за сите овие појави.“

Првиот човек на Државната комисија на спречување на корупцијата Воислав Зафировски неодамна изјави дека забелешките во делот на борбата против корупцијата во последниот извештај на Европската комисија се однесуваат на сите институции во земјава, а не само на работата на комисијата. Во изминатиот период Комисијата напорно работела на програмите за превенција на корупцијата и намалување на судирот на интереси.

„Значи ние имавме еден процес каде што работевме заедно со институциите на државата“, изјави Зафировски.

Во минатогодишниот извештај на комисијата кој стои на нивната веб страницата се наведува дека биле решени вкупно 1043 случаи од областа на корупцијата по одделни области. Најголемиот број од предметите се во областа на спречување на корупцијата во вршење на работи од јавен интерес и јавните овластувања, но и во правосудството. Во Акциониот план за спроведување на Државната програма за превенција и намалување на судирот на интереси од вкупно предвидените активности биле реализирани 49 проценти.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG