Достапни линкови

ОН: во Сирија убиени најмалку 3500 луѓе


Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права денеска во Женева соопшти дека во задушувањето на антивладините протести во Сирија кои почнаа во март годинава загинале најмалку 3 ипол илјади луѓе. Притоа се прецизира дека само од 2 овој месец кога владата на претседателот Башар ал Асад го потпиша мировниот план, спонзориран од Арапската лига, досега безбедносните сили убиле над 60 луѓе. Овие податоци, како што се наведува, биле врз база на доверливи извори на теренот.
XS
SM
MD
LG