Достапни линкови

logo-print

Почина поранешната боксерска ѕвезда Џо Фрејзер


Џо Фрејзер

Џо Фрејзер

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Џо Фрејзер, првиот човек кој го победи легендарниот Мухамед Али, почина на 67 годишна возраст. Неколку дена претходно беше соопштено дека Фрејзер е под третман откако му било дијагностициран рак на црниот дроб. Фрејзер стана светски првак во 1970, а една година потоа во таканаречената ,,Борба на векот,, го победи Мухамед Али. Фрејзер ја загуби титулата во 1973 од Џорџ Форман.
XS
SM
MD
LG