Достапни линкови

logo-print

САД загрижени од иранската нуклеарна програма


Белата Куќа очекува од новиот извештај на Обединетите нации за иранската нуклеарна програма да биде, како што се наведува, ехо и зајакнување на американската загриженост за нуклеарните можности на Техеран. Портпаролот на Белата Куќа Џеј Керни изрази уверување дека во Извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија кој треба да излезе деновиве ќе биде нотирано оти Иран и натаму не ги спроведува меѓународните обврски. Тој додаде дека останува во опција можна воена интервенција врз Иран, но прецизира дека Вашингтон е фокусиран врз дипломатските патишта за изнаоѓање решение за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG