Достапни линкови

logo-print

Гасоводот Северен тек ќе биде пуштен во употреба


Рускиот претседател Дмитри Медведев при старот на изградбата на гасоводот Северен тек

Рускиот претседател Дмитри Медведев при старот на изградбата на гасоводот Северен тек

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Дмитри Медведев денеска во градот Лубмин во северна Германија, свечено ќе го пуштат во употреба гасоводот Северен тек – стратешки гасовод под Балтичкото Море долг 1.224 километри, кој ќе ја снабдува Западна Европа со руски гас. На свеченоста ќе присуствуваат и премиерите на Франција и на Холандија, Франсоа Филон и Марк Рут.
Кога ќе го достигне целосниот капацитет кон крајот на 2012 година, низ Северниот тек ќе може да се пренесат 55 милиони метри кубни гас годишно во наредните половина век, што е доволно за снабдување на 26 милиони домаќинства.
XS
SM
MD
LG