Достапни линкови

Како до европски стандарди во туризмот?


Охрид

Охрид

Странски експерти, туристички работници и владини претставници во Охрид дебатираат на тема „Имплементација и развој на стандардите и регулативата во туризмот“.

Збогатување на законската регулатива и нејзина примена во практиката, носење и имплементација на националната стратегија, прераснување на агенцијата за промоција во вистинска национална туристичка организација со седиште во Скопје, формирање туристичка полиција, стандардизирање на туристичките услуги со продуцирање и ангажирање
Има недостатокот на квалификуван кадар во туристичката индустрија од категоријата на готвачи и келнери и недостаток од квалификуван кадар од средниот менаџмент, шефови на кујни, на сали и на рецепции

на квалификувани кадри. Ова се клучните работи што мора да се превземат за македонскиот туризам да добие европски стандарди, за што туристичкиот бизнис сектор, владините претставници и странски експерти во Охрид дебатираат на работилницата "Имплементација и развој на стандардите и регулативата во туризмот", проект на туристичката комора на Македонија, поддржан од Европската Унија.

„Има недостатокот на квалификуван кадар во туристичката индустрија од категоријата на готвачи и келнери и недостаток од квалификуван кадар од средниот менаџмент, шефови на кујни, на сали и на рецепции. Треба да се најде системски начин како да се пронајде правилниот пат и како децата кои се запишуваат на тригодишните стручни насоки за занимања да имаат можност и мотив да се запишат и да го продолжат своето образование понатаму, за што сега немаат опција.“

вели Дончо Танески, хотелиер од Охрид, претседател на ХОТАМ, според кого проблем е и законското регулирање на временото вработување во Туристи во Охрид

Туристи во Охрид

угостителството, за да нема нелегални вработувања за свадбите и слични настани, како и разработувањето на алтернативните форми на туризам, за што има интерес од гостите, што е неопходно за формирање на туристичкиот производ што го нудиме.

„Поентата е токму во тоа што ми се чини дека нашиот реален туристички сектор всушност не е прецизно сигурен што сака. Еднаш викаме сакаме како Словенија, но ние имаме друго да понудиме од нив, зошто не сме исти. Еднаш викаме сакаме како Унгарија, па како Бугарија, или како Хрватска, што е невозможно. Сите тие имаат свои ресурси, а Македонија има свои. Неопходна е анализа во која ќе испитаме согласно ресурсите како културното наследство, археологијата, историја, фолклор, капацитети за руралени алтернативен туризам, каде сме и кој е нашиот модел за туризам. Ние мораме да изградиме наш модел за туризам. Со користење туѓи искуства да, но тоа треба да биде само наш модел. Бидејќи токму тоа ни го кажуваат експертите, кои ни препорачуваат да си изградиме свој сопствен модел, кој не смее да биде пресликан од туѓите. Македонија има на располагање сериозни средства од ИПАРД програмата за рурален туризам, кои не ги користиме, што е факт, и тоа не е грешка на владата, туку наша грешка. Не сме запознаени, не знаеме, и затоа работиме сериозно и со општините и бизнис заедниацата како да дојдат до кредити, како да аплицираат во ИПАРД и како 50 проценти од средствата да им бидат грант.“

вели Вања Стевковска од Туристичката Комора на Македонија, според
Македонија има голем потенцијал за развој на туризмот, и со моето 20 годишно искуство во Германската област Саксонија, каде над 200.000 луѓе живеат од туризам, би препорачал дека владата мора да ја поддржи оваа гранка

која туристичкиот сектор уште треба да работи, да учи нови знаења и вештини за да биде способен, рамноправен партнер на власта при креирањето на добри стандарди и модели за издигнување на туризмот на повисоко ниво.

„Туризмот е баланс на приватното-јавно партнерство. Клучен предуслов за успех е соработката меѓу субјектите во браншата и владата. Гледам дека Македонија има голем потенцијал за развој на туризмот, и со моето 20 годишно искуство во Германската област Саксонија, каде над 200.000 луѓе живеат од туризам, би препорачал дека владата мора да ја поддржи оваа гранка, како значаен развоен сегмент на економијата, важен и за имиџот на државата.“

вели Манфред Боме, експерт по туризам од Германија, кој заедно со стручњаци од Чешка и Шпанија, им ги пренесува Европските искуства на нашите субјекти во туризмот, каде недостасуваат и познати имиња на хотелско-ресторантски бреднови од светот, како гаранција за квалитет.
XS
SM
MD
LG