Достапни линкови

Лавров - Воен напад врз Иран е сериозна грешка


Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Воен напад врз иранските нуклеарни капацитети би бил „многу сериозна грешка“ проследена со „непредвидливи последици“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Не постои воено решение, ни за иранскиот нуклеарен проблем, ни за кој било друг проблем во светот“, рече Лавров.

Германија во меѓувреме соопшти дека ќе побара зголемен политички и дипломатски притисок врз Иран, за да ги исполни меѓународните обврски за нуклеарната програма.

Израелскиот претседател Шимон Перез во саботата предупреди дека нападот на Иран е „се поверојатен“ поради загриженоста на разузнавачите дека „Иран е подготвен да добие нуклеарно оружје“.

Иран негира дека се обидува да направи атмоска бомба и ракети што може да носат нуклаерни боеви глави и обвини дека со тие обвинувања САД и Израел бараат изговор да го нападнат.
XS
SM
MD
LG