Достапни линкови

logo-print

Северниот тек од утре носи руски гас во Западна Европа


Изградба на гасоводот Северен тек под Балтичкото Море.

Изградба на гасоводот Северен тек под Балтичкото Море.

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Дмитри Медведев утре во градот Лубмин во северна Германија, свечено ќе го пуштат во употреба гасоводот Северен тек – стратешки гасовод под Балтичкото Море долг 1.224 километри, кој ќе ја снабдува Западна Европа со руски гас. На свеченоста ќе присуствуваат и премиерите на Франција и на Холандија, Франсоа Филон и Марк Рут.

Кога ќе го достигне целосниот капацитет кон крајот на 2012 година, низ Северниот тек ќе може да се пренесат 55 милиони метри кубни гас годишно во наредните половина век, што е доволно за снабдување на 26 милиони домаќинства. Северниот тек вреди 7,4 милијарди евра.

Полска и балтичките земји долго време протестираа против проектот кој ги заобиколува нивните територии. Тие се плашат дека кога ќе преговараат за рускиот гас ќе бидат оставени сами на себе.
XS
SM
MD
LG