Достапни линкови

Богов - Кризата во евро-зоната ќе удри врз македонскиот извоз


Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

Кризата во евро-зоната е сериозна и македонската економија ќе има одредени удари особено во реалниот сектор, но банките ќе ги издржат тие удари без поголеми проблеми, изјави гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.

„Депозитите се сигурни и не треба да постои грижа и страв кај граѓаните“, изјави Богов по денешната седница на Економскиот совет на која ги информирал членовите за најновите макроекономски случувања во еврозоната и нивното влијание врз македонската економија.

Во реалниот сектор се очекува намалување на извозот и производството.

„Застојот во еврозоната е очигледен. Тој е веќе неизбежен. Некои аналитичари предвидуваат и рецесија што значи дека нашиот извоз и производство ќе се намали, а можно е потоа и зголемување на износот на лоши кредити во македонските банки. Меѓутоа, тоа во секој случај не треба да биде драматично зголемување“, оцени Богов.
XS
SM
MD
LG