Достапни линкови

Состанокот на Мешовитиот комитет, споменик на Цар Самоил во Охрид, поскапувањето на водата во Куманово - најкоментирани теми на нашата веб-страница.

Различни теми, почитувани, различни и вашите коментари на нашата веб-страница. Најкоментираниот текст во минатата недела е информацијата за состанокот на Мешовитиот комитет меѓу Македонија и ЕУ, пред некој ден во Скопје. Редовно песимистички расположениот Владимир Петровски смета дека БЈРМ, како што и самиот цинички си ја нарекува државата, одела, ама не во ЕУ, туку во војна, според Петровски, повторувам. Накусо, неговата теза е дека тоа ќе се случело затоа што Али Ахмети добил инструкции да го реши името до 1 декември и за Македонија да и' чувала грб на Грција(?!).
Владимир Петровски смета дека БЈРМ, како што и самиот цинички си ја нарекува државата, одела, ама не во ЕУ, туку во војна

Мацолот од Скопје му одговара дека тоа е одговр во стилот на Груевски, а Стеван Трајкоски, пак, од Македонија, пишува вака:

„Сега ќе ви дадам одговор во стил на Шеќеринска и Црвенковски: вистинскто прашање е дали ЕУ ја сака Македонија?“

Околу барањата на охридскиот градоначалник споменикот на Цар Самоил од Скопје да се дислоцира во Охрид, Маја од Скопје смета дека тој споменик штрчи на местото кадешто е поставен и дури и од чиста суета да не му го дадат на Охрид, пишува Маја, трба да се тргне од таму зашто ја затвора улицата Македонија, како што Јустинијан како да тоне во Вардар.

И втора слушателка или посетителка на нашата веб-страница, Ана, исто така од Скопје, смета дека Цар Самоил е поставен на несоодветно место и дека не се вклопува во амбиентот.
Стеван Трајкоски пишува: „Сега ќе ви дадам одговор во стил на Шеќеринска и Црвенковски: вистинскто прашање е дали ЕУ ја сака Македонија?“

На нашиот текст со наслов „Граѓани без иницијатива или власт без слух“, поточно за тоа колку македонските граѓани учествуваат во креирањето и донесувањето одлуки на локално ниво, шегобијниот Џони од Валандово во една реченица го оцртал менталитетот , па зошто да не и генетскиот код на нашиот човек. Џони пишува:

„Тоа ти е народ - кубурот си го чува за не дај боже“.

Токму на една локална тема е и нашиот текст за финансиските тешкотии на пречистителната станица во Куманово, што било предизвик за Петре да ни испрати свој коментар. Значи, Петре од Куманово забележува дека повеќе информации во текстот, според него се неточни, дека кога објектот се градел цената на водата се зголемила на неверојатни 40 денари за метар кубен, но во меѓувреме, Водовод Куманово, според овој наш слушател, станал собирен центар на ислужени и надежни кадри на локалната власт и дека тоа сега го плаќа народот со 50 денари за метар кубен вода.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG