Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу армијата и дезертерите во Сирија


Армиски пункт во близина на Хомс.

Армиски пункт во близина на Хомс.

Активистите за човекови права од Сирија информираат дека владините сили упаднале во анти-владина населба во опколениот град Хомс, при што уапсиле многу луѓе, една недела по насилствата меѓу армијата од една страна и дезертерите и демонстрантите од друга.
Владините сили наводно се соочуваат со вооружен отпор од армиските дезертери кои се засолниле во населбата Баба Амр и околните области. Насилствата не престануваат и покрај тоа што Сирија го прифати планот на Арапската лига за окончување на судирите во оваа земја. Само во изминатава недела во Хомс, кој е центар на анти-владините протести, биле убиени повеќе од 110 луѓе.
XS
SM
MD
LG