Достапни линкови

logo-print

СДСМ подржува Декларација против политички реваншизам


Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

СДСМ ја прифаќа иницијативата на „Обединети за Македонија“ и денеска ќе ја потпише Декларацијата против политички реваншизам, соопшти денеска партискиот потпретседател Гордан Георгиев. Тој рече дека во Македонија се спроведува селективна правда, а власта се злоупотребува за „брутална пресметка“ со политичките неистомисленици.

„СДСМ се залага да постои кривична одговорност за сите вршители на јавни функции кои ја злоупотребиле или ќе ја злоупотребат својата позиција за да по нарачка на партискиот штаб уништуваат човечки судбини само заради тоа што мислат поинаку од власта“, рече Георгиев.

СДСМ ги повика сите опозициски партии да ја потпишат оваа Декларација. Тие ги повикаа и партиите од власта, а пред се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да ја поддржат оваа Декларација и „да манифестираат волја за враќање на основните демократски принципи во државата“.
XS
SM
MD
LG