Достапни линкови

Бензинот поевтинува за 2 денари


Илустрација.

Илустрација.

Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денари за литар, додека цената на дизелот останува иста. Екстра лесното масло за домаќинството се намалува за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Така, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 77,50 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе се продава по цена од 68,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 57 денари за литар.

Поeвтинувањето од Регулаторната комисија за енергетика го објаснуваат со намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и со понискиот курс на денарот во однос на доларот.
XS
SM
MD
LG