Достапни линкови

Шангајската група се среќава во Санкт Петерсбург


Архивска фотографија: Рускиот премиер Владимир Путин и кинескиот претседател Ху Џинтао.

Архивска фотографија: Рускиот премиер Владимир Путин и кинескиот претседател Ху Џинтао.

Премиерите на државите од Шангајската организација за соработка денеска се сретнаа во рускиот град Санкт Петерсбург. Рускиот премиер Владимир Путин на конференцијата рече дека земјите-членки треба заеднички да работат и да ја направат организацијата водечка сила во светската економија и во меѓународната безбедност.

Се очекува Путин денеска да се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао, на маргините на конференцијата и да разговараат за регионалната безбедност и за билатералната соработка.

Шангајската организација за стабилност е формирана пред десет години во кинескиот град Шангај. Членуваат Кина, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан. Монголија, Индија, Иран и Пакистан имаат статус на набљудувачи и се обидуваат да се приклучат. Организацијата одржува официјални контакти и со Авганистан, Туркменистан, Белорусија и Шри Ланка.
XS
SM
MD
LG