Достапни линкови

logo-print

Пападемос и Венизелос - најсериозни кандидати за премеир на Грција


Евангелос Венизелос и Лукас Пападемос.

Евангелос Венизелос и Лукас Пападемос.

Поранешниот заменик шеф на Европската централна банка Лукас Пападемос и министерот за финансии Евангелос Венизелос се сметаат за најсериозни кандидати за премиер на Грција, откако Јоргос Папандреу се откажа од премиерската функција за да се формира влада на национално единство.

Новата влада треба да ја води државата до предвремените избори кои веројатно ќе се одржат во февруари. Главна задача на владата ќе биде да го одобри и спроведе планот за спас на Грција од банкрот и да ја задржи земјата во евро-зоната. Планот предвидува, Грција да добие 130 милијарди евра од спасувачкиот пакет на Европа, а за возврат ќе треба да воведе драстични мерки за штедење.

Се очекува, новата влада да се формира неделава.
XS
SM
MD
LG