Достапни линкови

„Панкот не е мртов“ и натаму жнее награди


Филмот „Панкот не е мртов“ ја освои наградата „Дијалог за меѓукултурни комуникации“ на 21 - от Интернационален филмски фестивал во Котбус, Германија, што се одржа од 1 до 6 ноември годинава.

Наградата за „Панкот не мртов“, кој е годинашен македонски кандидат за Оскар, ја обезбеди германското Министерството за надворешни работи на Германија.

„Панкот не е мртов“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски, претходно, беше награден и на Фестивалот на медитерански филм што се одржа од 12-ти до 16-ти октомври годинава во Копер, Словенија.

Филмот доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата „Исток на Западот“, во која се натпреваруваа уште 11 филмови.

За улогата на Мирса во „Панкот не е мртов“, македонскиот актер Јордан Симонов ја доби наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.

„Панкот не е мртов“ ја освои специјалната награда од жирито на третото издание на интернационалниот филмскиот фестивал „ПриФилмФест“ во Приштина.
XS
SM
MD
LG