Достапни линкови

Илјадници му испратија пари на кинескиот дисидент Аи Веивеи


Кинески дисидент Аи Вeивеи денеска изјави дека илјадници луѓе му испрати над половина милион долари, во знак на протест против, како што сметаат, нефер владиниот закон за данок.
Донациите доаѓале во форма на банкарски трансфери, па дури и пари испратени преку авионски писма. Аи изјави дека над 16.000 луѓе испратиле околу 3,5 милиони јуани.
Кинеските власти од него побараа 15 милиони јуани односно 2,4 милиони долари. Аи, меѓународно признат концептуален уметник, беше во затвор речиси три месеци по обвинение за даночно затајување. Активистите за човекови права сметаат дека тоа е поврзано со неговите често отворени критики кон авторитарната власт во Кина.
XS
SM
MD
LG