Достапни линкови

Лавров - напад врз Иран би била „сериозна грешка“


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека воен удар врз Иран би била „многу сериозна грешка“. Според Лавров, последиците би биле непредвидливи и не постои воено решение за иранскиот нуклеарен проблем или било кој проблем во светот.
Изјавата на Лавров доаѓа по коментарот на израелскиот Претседател Шимон Перез дека е зголемена можноста за напад врз Иран.
Неделава, имено, се очекува презентација во ОН на извештајот на Агенцијата за Атомска Енергија за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG