Достапни линкови

Грција - Преодна влада без Папандреу


Лидерите на ПАСОК и на Нова Демократија Јоргос Папандреу и Андонис Самарас кај шефот на државата Каролос Папуљас.

Лидерите на ПАСОК и на Нова Демократија Јоргос Папандреу и Андонис Самарас кај шефот на државата Каролос Папуљас.

Во Грција денеска разговори за новата преодна влада, откако за неа синоќа постигнаа договор грчкиот премиер Папандреу и лидерот на опозициската Нова Демократија Самарас. Според договореното, неа нема да ја предводи Папандреу кој ќе поднесе оставка, а владата би требало да биде избрана оваа недела. Во февруари пак, би имало предвремени избори.

На состанокот меѓу лидерите на ПАСОК и на Нова Демократија, Јоргос Папандреу и Андонис Самарас, во канцеларијата на шефот на државата Каролос Папуљас било договорено формирање преодна влада која по ратификацијата на спогодбата за решавање на должничката криза што ја понуди Европската унија, ќе ја води земјата до предвремени извори.
Воопшто не се грижам дали повторно ќе бидам избран.

Според некои наводи, изборите би можело да се случат на 19 февруари идната година.​

„Последната работа за што се грижам е мојата позиција. Го реков тоа порано и пак ќе го кажам. Воопшто не се грижам дали повторно ќе бидам избран“, порача Папандреу во парламентот кој гласаше за доверба на неговата влада.

Грчките лидери два дена се договараа за преодна влада со која би се надминала политичката криза и би се спречило банкротирање на презадолжената земја.

Грција од мај лани преживува благодарение на пакетот меѓународна помош од 110 милијарди евра. Но, поради тежината на кризата е потребен уште еден пакет, бидејќи Грција не може под поволни камати да позајмува пари од меѓународниот пазар.
Бараме само една работа: враќање во нормала и избори за да можеме да ја стабилизираме земјата, да го подобриме нејзинот имиџ и што е можно поскоро да излеземе од кошмарот.

Вториот пакет е во вредност од 130 милијради евра, со тоа што банките ќе отпишат половина од грчкиот долг или 100 милијарди евра.

Пакетот треба да биде одобрен од пратениците кои најпрвин треба да ја решат политичката криза до која дојде откако премиерот Папандреу најави дека ќе распише референдум за помошта. Тој го повлече овој предлог откако Самарас назначи дека ќе го поддржи европскиот пакет.

„Бараме само една работа: враќање во нормала и избори за да можеме да ја стабилизираме земјата, да го подобриме нејзинот имиџ и што е можно поскоро да излеземе од ноќниот кошмар.“

Впрочем, актуелната криза, според аналитичарите, претставува голема шанса за шеесетгодишниот Самарас кој во 2009 година стана прв лидер на Нова Демократија избран од партиската база, откако тогашниот премиер Костас Караманлис поднесе оставка. Андонис Самарас добива аплауз во парламентот од неговите сопартијци

Андонис Самарас добива аплауз во парламентот од неговите сопартијци



Но, патот до врвот на партијата на Самарас кој заврши економија на Харвард, а извесно време му бил и студентски цимер на премиерот Папандреу, не беше без контроверзи.

Неговата непоколеблива тврда позиција во спорот со името на Македонија го чинеше губење на местото министер за надворешни работи. Имено во 1992 година тогашниот премиер Константин Мицотакис го исфрли од функцијата под образложение дека неговата непопустливост го поткопува преговарачкиот капацитет на грчката влада.

Тој тогаш изјави дека нема никогаш да се врати во Нова Демократија, ниту ако го повикаат да биде лидер. Но, тоа го држеше само десет години. Ја напушти неговата партија Политичка Пролет и се врати во Нова Демократија по што стана министер за култура, а потоа и партиски лидер. Сега, според последните анкети, води 10 процентни поени пред Папандреу.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG