Достапни линкови

logo-print

Папандреу бара преговори за нова влада со Самарас


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу побара од претседателот Каролос Папуљас да биде домаќин на разговорите меѓу него и лидерот на опозициската Нова демократија, Андонис Самарас. Во соопштението од кабинетот на Папндреу се вели дека состанокот е обид да се постигне договор за влада на национално единство.

Грчките политички лидери втор ден разговараат зад затворени врати под огромен притисок да осигураат дека земјата нема да банкротира во наредните неколку недели и да ги спроведе драстичните мерки за штедење за да остане во еврозоната.

Европскиот комесат за економски и монетарни прашања, Оли Рен, денеска изјави дека во Грција треба да се формира влада на национално единство што ќе ги спроведе строгите мерки за штедење за да остане во евро-зоната.

Партиските лидери досега не се согласија да формираат широка коалициска влада што може да го обезбеди меѓународниот кредит од 130 милијарди евра и да ја задржи земјата во евро-зоната.

Папандреу e согласен да се повлече од премиерската функција, ако тоа е неопходно да се постигне договор за коалициска влада што ќе ја води земјата во наредните неколку месеци. Самарас, пак, бара оставка на Папандреу и распишување на предвремени избори.
XS
SM
MD
LG