Достапни линкови

logo-print

Складовите за оружје во Либија не се соодветно обезбедени


Склад за муниција во Либија.

Склад за муниција во Либија.

Некои складови за оружје во Либија се уште не се соодветно обезбедени, а голем дел од оружјето е наводно исчезнато, изјави пратеникот на ОН за Либија, Јан Мартин, за агенцијата Асошиејтед прес. Тој наведува дека се работи за рачни ракетни фрлачи, мини и муниција.

Мартин вели дека ќе биде тешко да се спречи оружјето да биде иснесено од земјата со оглед на огромните пустински граници на земјата.

Сепак, тој наведе дека е направен прогрес во однос на хемискиот и нулеарен материјал. Либиските власти, минатата недела соопштија дека нашле две места со хемиско оружје кое не било пријавено од режимот на Гадафи, кога пред неколку години вети дека ќе се откаже од неконвенционалните оружја. Властите пронашле и поголема количина суров ураниум.
XS
SM
MD
LG