Достапни линкови

Арапска лига - Сирија не се придржува кон планот за мир


Антивладини протести во градот Хула во близина на Хомс.

Антивладини протести во градот Хула во близина на Хомс.

Министрите за надворешни работи од земјите членки на Арапската лига в сабота ќе одржат итен состанок на кој треба да расправаат за непридржувањето на Сирија кон планот на Лигата за окончување на насилствата во оваа земја. Во соопштението од Арапската лига се наведува дека средбата во Каиро е свикана поради „продолжувањето на насилствата и поради тоа што сириската влада не ги исполни своите обврски предвидени во планот на Лигата за решавање на сириската криза“.
До ова доаѓа откако организацијата Сириска опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, објави дека сириските безбедносни сили денеска убиле уште 10 цивили на анти-владините протести.
XS
SM
MD
LG