Достапни линкови

Неделен печат


„Кој се плаши од ЕУ?“, „Наместо да открива кој перел пари во МПМ, власта прогласува невини!?“, „Купола, неокласика, импровизација“ - дел од насловите во неделниците.

Понекогаш, при подготвувањето на овие прегледи на пишувањето на неделниците човек навистина има мака да издвои една статија која би ја имала привилегијата да го претставува определениот неделник.

Фокус - Фиат Цаноски не падна залудно - кумчето на Миле Јанакиески не демантира дека гради до урнатиот Космос
Кој се плаши од ЕУ? - Преговорите со Брисел ја растурија Хрватска на ХДЗ, ја тресат Црна Гора, а и нашиве ми се нешто нервозни.
Фокус.

Најновиот Фокус, на пример, има повеќе интересни наслови, па затоа се определуваме за неколку од нив: уводникот на неделникот прашува дали Ахмети ја пренесе последната опомена за Груевски од Вашингтон и дали му враќа на премиерот кој со почитувањето, но не и славењето на Рамковниот договор јасно им стави до знаење дека Албанците ги третира како нужно зло!
Комплексот Космос во изградба.
Комплексот Космос во изградба.

„Кој се плаши од ЕУ? - Преговорите со Брисел ја растурија Хрватска на ХДЗ, ја тресат Црна Гора, а и нашиве ми се нешто нервозни“, е уште еден текст во кој се нагласува дека моќни луѓе во и околу Владата не се баш заинтересирани за почеток на преговори со ЕУ бидејќи тој процес со исклучително ефикасни и моќни механизми за трансформација на општеството е трн во окото на лукративните интереси на разни моќници од лева и десна провиниенција.
Таканаречената уметност што се промовира кај нас со проектот „Скопје 2014“ е резултат на неспособност и незнаење, а не на размисла и естетика.
Глобус.

За неодамнешната афера со 750 илјади евра најдени кога возачот на Срѓан Керим ја минувал српско-унгарската граница, Фокус констатира: „Наместо да открива кој перел пари во МПМ, власта прогласува невини!?“.

Интерес предизвикува и написот со наслов: „Фиат Цаноски не падна залудно - кумчето на Миле Јанакиески не демантира дека гради до урнатиот Космос“.

Глобус - Купола, неокласика, импровизација

Во он-лајн изданието на Глобус, внимание предизвикува текстот за прославата на новиот државен празник 23 Октомври, или денот на ВМРО, како што се нарекува, во Австралија меѓу македонските иселеници во Мелбурн, според информациите оттаму, со српско коло и песни што се претворила во разочараност од власта во Скопје и забелешки дека пратеникот од Австралија во македонскиот Парламент бил наметнат од централата во Скопје, а не по избирачката волја на тамошните нашинци.

Во колумната „Од дистанца“, авторот се чуди зошто кај нас нема „индигнадоси“ и „волстритџии“, односно се чуди на индиферентноста на нашите млади луѓе кои млако или воопшто не реагираат на најголемата криза во историјата на капитализмот, а во колумната „Офаманаман“ се поставува тезата дека Македонците се песови што ја забавуваат владејачката елита трчајќи по коската на името и идентитетот што таа им ја фрлила, а дека надвојводата Шарло и неговиот режим решиле дека тоа ќе биде бесконечна трка во која на кучињата им е одредено дека ќе умрат.

Интересен е и текстот со наслов: „Купола, неокласика, импровизација“ во кој се апосторфира дека таканаречената уметност што се промовира кај нас со проектот „Скопје 2014“ е резултат на неспособност и незнаење, а не на размисла и естетика.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG