Достапни линкови

Повисоки сметки за вода во Куманово


Кумановци ќе плаќаат повисоки сметки за води, заради подмирување на потребите за работа на Пречистителната станица за отпадни води.

Од овој месец сметките за вода за кумановци ќе бидат повисоки за 85 денари. Средствата се неопходни за подмирување на потребите за работа на Пречистителната станица за отпадни води на локалното комунално претпријатие „Водовод“, а која изминатите три години локалната самоуправа ја чинеле околу еден милион евра годишно. Ова е согласно одлуката на општинскиот Совет по неколкучасовни натегања и препукувања помеѓу советниците од коалициската општинска власт на СДСМ и опозицискиот блок со ВМРО-ДПМНЕ.
Под сугестија на сите експерти и државната ревизија, а следејќи ја лошата финанасиска состојба на „Водовод“, затоа воведување ставка пречистутвање отпадна вода е вовед на некој начин во почеток на рехабилитирање на фискалната позиција на „Водовод“.
Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Основаноста на одлуката ја објаснува градоначалникот Зоран Дамјановски:

„Под сугестија на сите експерти и државната ревизија, а следејќи ја лошата финанасиска состојба на „Водовод“, затоа воведување ставка пречистутвање отпадна вода е вовед на некој начин во почеток на рехабилитирање на фискалната позиција на Водовод.“

Тој додава дека веројатно ќе има намалување на наплатата на водата, но затоа, пак, е предвидена мерка за социјален пакет за граѓаните кои се социјално загрозени.
Зоран Дамјановски градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски градоначалник на Куманово.

„Со тоа ќе ја подобриме наплатата од социјалните случаи, а ќе ја подобриме и фискалната стабилност во „Водовод“. Тоа е мала ставка, околу 80 денари во сметки за вода, но тоа ќе го подобри снабдувањето со вода и прочистувањето на отпадните води.“

И додека за социјално загрозените преку социјалниот пакет ќе се создаде мотивација за плаќање на комуналните сметки, за оние другите Дамјановски најавува:
Секоја сметка што ќе ја добијат ќе биде повисока од сметките во претходните месеци. Градоначалникот и СДСМ во Куманово сигурно ќе пробаат да ја спинуваат оваа работа, но граѓаните сами ќе увидат преку сметките.
Бобан Николовски, општински советник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе имаме мерки на принудно исклучување, казнување и принудна наплата преку извршители.“

За советникот Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ ова е само оптоварување на семејниот буџет на граѓаните.

„Ние како советничка група најостро се спротивставивме на ова. Бидејќи две ипол години укажуваме дека „Водовод“ е во катастрофална состојба и дека ќе дојде до оваа ситуација. Меѓутоа градоначалникот цврсто застана зад директорот.“
Куманово.
Куманово.

Николовски предупредува дека проблемите на граѓаните ќе почнат кога ќе се соочат со повисоките сметки за вода:

„Секоја сметка што ќе ја добијат ќе биде повисока од сметките во претходните месеци. Градоначалникот и СДСМ во Куманово сигурно ќе пробаат да ја спинуваат оваа работа, но граѓаните сами ќе увидат преку сметките.“

Според Николовски, опозициските партии барале одложување на оваа одлука и подетално преиспитување на состојбата во „Водовод“. Нивниот предлог бил одбиен.
Не би требало да поскапи, скапо е се, криза насекаде, невработеност. Тоа е премногу за нашиот стандард, ниски примања имаме.
Анкетиран граѓанин на Куманово.

Граѓаните на Куманово во очекување на новите, повисоки сметки за вода, сметаат дека се немоќни.

„Се живо поскапе. Се е во нивни раце, тие како ќе кажат, така ќе биде!“

РСЕ: Во чии раце?

„На власта.“

РСЕ: Мислите ли дека е во ред?

„Некои работи се во ред, некои не се, но знаеме сите како живееме, во каква криза сме. Нема плати, нема ништо... Нормално дека се треба да тече како што треба, ама не тече.“

„Не треба! Немаме пари, ама...“

„Не би требало да поскапи, скапо е се, криза насекаде, невработеност. Тоа е премногу за нашиот стандард, ниски примања имаме.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG