Достапни линкови

Санданистот Ортега - фаворит на претседателските избори во Никарагва


Претседателот на Нигерија, Даниел Ортега, се надева на трет мандат во претседателската фотелја.

Претседателот на Нигерија, Даниел Ортега, се надева на трет мандат во претседателската фотелја.

Почна гласањето на претседателските избори во Никарагва. Левичарскиот претседател Даниел Ортега се надева на трет мандат на претседателската функција. Дел од опозициските кандидати веќе ги прогласија изборите за нефер.

Предизборните анкети покажуваат дека лидерот на Санданистичкиот национален ослободителен фронт, Ортега, е во убедлива предност пред неговите десничарски противкандидати. Според анкетите, тој ќе освои околу 48 отсто од гласовите. На Ортега му беше дозволено да се кандидира на изборите, откако во 2009 година Уставниот суд ја укина забраната за последователни реизбирања на претседателот.

Симпатизерите на опозицијата се жалат дека има корупција и лошо водење на изборниот процес. Шефот на набљудувачката мисија на ЕУ, Луис Јанез од Шпанија, изрази загриженост поради наводите за соработка меѓу Ортега и преставниците на Изборната комисија, оценувајќи дека тоа го става под прашалник кредибилитетот на изборите.

Право на глас имаат околу 3,4 милиони жители на Никарагва.
XS
SM
MD
LG