Достапни линкови

Кралев: Зацртаните проекти во образованието интензивно се спроведуваат


Министерот за образование, Панче Кралев.

Министерот за образование, Панче Кралев.

Зацртаните проекти во образованието интензивно се спроведуваат во првите 100 дена од мандатот, изјави денеска министерот за образование Панче Кралев. Тој вели дека основни приоритети на министерството во изминатите 100 дена од работењето биле инвестиции во образовната инфраструктура, воедување на претпримеништвото како дополнителен предмет во средното школо, овозможување што поголем број стипендии и поттикнување на иновациите како основа за научно-истражуваката дејност.

„Продолжува реализацијата на програмите за изградба и реконструкција на основните и средните училишта. Од планираните 11 основни училишта за изградба, две се завршени, три се во завршна фаза, шест се градат, додека од планираните шест за реконструкција, завршени се пет, а едно е во финална фаза. Паралелно се градат две средни училишта, а целосно реконструиран е и еден објект. Воедно продолжува реновирањето и санацијата на вкупно 192 училишта“, рече Кралев, осврнувајќи се на сработеното.
XS
SM
MD
LG