Достапни линкови

logo-print

Папандреу сака коалиција, Самарас бара избори


Премиерот на Грција, Јоргос Папандреу.

Премиерот на Грција, Јоргос Папандреу.

Грчките политички лидери втор ден разговараат зад затворени врати под огромен притисок да осигураат дека земјата нема да банкротира во наредните неколку недели и да ги спроведе драстичните мерки за штедење за да остане во еврозоната. Партиските лидери досега не се согласија да формираат влада на национално единство што може да го обезбеди меѓународниот кредит од 130 милијарди евра и да ја задржи земјата во евро-зоната.

Премиерот Јоргос Папандреу е согласен да се повлече од премиерската функција, ако тоа е неопходно да се постигне договор за коалициска влада што ќе ја води земјата во наредните неколку месеци. Сепак, лидерот на опозициската Нова Демократија, Андонис Самарас, бара оставка на Папандреу и распишување на предвремени избори.

„Бараме само една работа, да се вратиме во нормала и избори, за да може да ја стабилизираме земјата, да го поправиме нејзиниот имиџ и да можеме да излеземе од овој кошмар што е можно поскоро“, изјави Самарас.

Претседателот Каролос Папуљас имаше куса средба со Самарас во обид да издејствува коалициска влада, но Самарас останал на својот став.

Папандреу соопшти дека Грција може да остане во евро-зоната само ако спроведе остри и непопуларни мерки за штедење, неопходни за да го добие кредитот од 130 милијарди евра од ЕУ.
XS
SM
MD
LG