Достапни линкови

Повеќе од 100 мртви во терористичките напади во Нигерија


Архивска фотографија: Терористички напад во Абуџа на 16 јуни 2011 година.

Архивска фотографија: Терористички напад во Абуџа на 16 јуни 2011 година.

Се верува дека загинале повеќе од 100 луѓе во вчерашните оружени и бомбашки напади од радикални исламисти во Нигерија. Претставник од Спасувачката агенција во Нигерија во мртовечницата во градот Даматуру изјави дека тој лично изброил повеќе од 150 тела, пред роднините на жртвите да почнат да ги земаат за да ги погребат. Дописникот на Франс прес во мртовечницата изброил 97 тела.

За нападите во североисточна Нигерија се сомничи радикалната исламска секта Боко Харам, која ги отфрла западните идеали и сака да воспостави шеријатско право во целата земја. Милитантите во петокот извршија бомбашки напади во цркви во претежно христијанскиот дел на Даматуру и имаа престрелка со полицијата.

Боко Харам во август ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад со автомобил-бомба врз седиштето на ОН во главниот град на Нигерија, Абуџа, во кој загинаа 24 луѓе, а 116 беа ранети.
XS
SM
MD
LG