Достапни линкови

Каменување на сатаната - најопасниот дел од муслиманскиот аџилак


Архивска фотографија: Муслимански аџии.

Архивска фотографија: Муслимански аџии.

Стотици илјади муслимански верници се собраа во една долина во близина на саудискиот свет град Мина на церемонијата што претставува каменување на Сатаната. Овој настан е последен и најопасен ритуал од аџилакот.

Стотици луѓе секоја година умираат прегазени во човечкото стампедо од верници кои брзаат да фрлат камења кон огромните столбови што го симболизираат ѓаволот. За да се заврши ритуалот, секој аџија мора да фрли 21 камче кон секој од трите 25-метарски столбови.

Саудиските власти преку местото изградија пешачка патека на неколку нивоа за да избегнат стампедо. На ваков начин во 2006 загинаа 364 луѓе, во 2004 – 251, а во 1990 година беа прегазени 1.426 луѓе. Годинава не се пријавени големи инциденти меѓу 2.5 милиони верници што присуствуваат на аџилакот.
XS
SM
MD
LG