Достапни линкови

Македонските ракоментари втори на „Бринг купот“


Македонската машка ракометна репрезентација.

Македонската машка ракометна репрезентација.

Македонската ракометна репрезентација го освои второто место на „Бринг купот“ откако денеска во Лилестром во натпреварот од третото коло ја победи Литванија со 31:30(19:11).
За нашата репрезентација ова беше втора победа на Бринг купот. Најефикасен за Македонија беше Кирил Лазаров со 6 голови, а по 4 постигнаа Наумче Мојсоски и Дејан Манасков.

На вториот натпревар денеска домаќинот Норвешка ја победи Португалија со 34:27. Норвешка е прва со 6 бодови, Македонија е втора со 4, Португалија освои 2, а Литванија остана без бод.
XS
SM
MD
LG