Достапни линкови

Најмалку шестмина убиени во бомбашки напади во Багдад


Архивска фотографија: Садр Сити по еден бомбашки напад на 23 април 2010 година.

Архивска фотографија: Садр Сити по еден бомбашки напад на 23 април 2010 година.

Најмалку шест луѓе биле убиени во престрелки и бомбашки напади во околината на Багдад, соопштува ирачката полиција и здравствените власти. Четворица луѓе загинале во напад во градот Таџи, 20 километри северно од Багдад. Еден човек загина во експлозија на бомба во шиитскиот кварт Садр Сити во источен Багдад. Во истиот дел на градот, вооружени луѓе застрелале еден полицаец.
XS
SM
MD
LG