Достапни линкови

Сирија ги обвини САД за мешање во внатрешните работи


Сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Официјален Дамаск денеска го осуди Вашингтон кој ги советува Сиријците да не им се предаваат на властите кои им ветија амнестија. Сиријската државна новинска агенција САНА објави дека „американската администрација повторно се јави со бесрамно мешање во сириските внатрешни работи“ и го обвини Вашингтон за финансирање терористички организации во земјата. Портпаролката на Стејт департментот, Викторија Нуланд, вчера ги повика демонстрантите кои протестираат против режимот на претседателот Башар Ал Асад, да не им се предаваат на властите и покрај ветената амнестија.
XS
SM
MD
LG