Достапни линкови

Иран - САД сакаат да не оцрнат со лажни обвиненија


Иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи.

Иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи.

Официјален Техеран испрати писмо до ОН во кое се жали на американските обвинувања дека Иран стои зад заговорот за атентат на саудискиот амбасадор во Вашингтон, соопшти иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи. Во писмото до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, стои дека обвинувањата за заговор се дел од пошироката американска стратегија за оцрнување на Иран. Иранската државна телевизија Прес ТВ вчера објави дека во писмото се наведува дека обвинетиот за планирање на атентатот, за кого американското обвинителство тврди дека е ирански воен претставник, всушност е член на забранетата бунтовничка организација Муџахединска Калк организација.
XS
SM
MD
LG