Достапни линкови

logo-print

Почнаа разговорите за формирање коалициска влада во Грција


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ги почна разговорите со претседателот Каролос Папуљас за формирање широка коалициска влада што треба да ја извлече земјата од тешката економска криза.

Новата влада треба да спроведе драстични мерки за штедење ако сака да добие 130 милијарди евра за спас на Грција од банкрот.

„Ќе направам се што можам за да формирам влада со широк консензус“, изјави Папандреу при пристигнувањето кај Папуљас.

Владата на Папандреу со тесно мнозинство го преживеа гласањето доверба во Парламентот. За доверба на владата гласаа 153 од 300 грчки пратеници.
XS
SM
MD
LG