Достапни линкови

На Европа ќе и треба декада за излез од кризата


Германскиот канцелар Ангела Меркел смета дека на Европа ќе и треба декада за да ги среди финансиите и за да излезе од актуелната должничка криза. Во коментарот на нејзината интернет страница, Меркел оценува дека за решавањето на финансиската криза ќе бидат потребни големи напори и оти ќе се оди чекор по чекор. Нејзините ставови доаѓаат на ден по самитот на Г-20 во Кан, на кој доминираше кризата во евро-зоната.
XS
SM
MD
LG