Достапни линкови

Американски офицер доби отказ бидејки го критикувал Карзаи


Заменик командантот на мисијата за обука на авганистанската војска и полиција, американскиот мајор, Питер Фулер, е разрешен од должноста поради тоа што јавно ги критикувал претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и неговата влада. Во интервју за една американска интернет старница, Фулер изјавил дека авганистанските лидери се неблагодарни и надвор од реалноста и оти не ги ценат американските напори за стабилизација на Авганистан. Според американската армија, оценките на Фулер не ги рефлектираат солидните односи со авганистанската влада.
XS
SM
MD
LG