Достапни линкови

Сиријските власти продолжуваат со убивање демонстранти


Над 20 луѓе биле убиени во Сирија кога владините сили интервенирале врз демонстрантите, не почитувајки го мировниот план договорен со помош на Арапската Лига. Според активисти, 23 лица загинале во интервенцијата на владините сили по петочната молитва, 9-мина од нив во градот Хомс. Во меѓувреме, сиријските власти објавија амнестија за оние што до 12-ти ноември ќе го предадат оружјето и доколку не извршиле убиство. Соединетите Држави го обвинија сиријскиот режим за непочитувањето на мировниот договор под покровителство на Арапаската Лига и ги предупредија сиријците да не му се предаваат на режимот на Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG