Достапни линкови

Владата на Папандреу го преживеа гласањето за доверба


Владата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу го преживеа гласањето за доверба во парламентот, кое беше иницирано поради незадоволството на опозицијата од справувањето со финансиската криза. Доцна синоќа, владата на Папандреу ја подржаа 153-ца пратеници од вкупно 300.
Во обраќањето во парламентот, пред гласањето, Папандреу повика на формирање широка владина коалиција која ќе го одобри меѓународниот пакет помош за Грција во износ од 130 милијарди евра, кои и се неопходни на земјата за да не банкротира. Дел од овој пакет помош е и обврската на Грција да спроведе строги мерки за штедење, против кои има голем отпор во земјата.
Папандреу денеска ќе има средба со грчкиот претседател на која ќе стане збор за формирањето поширока владина коалиција, претходно отфрлајки ги барањата на опозицијата за предвремени избори.
XS
SM
MD
LG