Достапни линкови

Колку македонските граѓани влијаат и учествуваат во креирањето и донесувањето одлуки на локално ниво?

Дислокацијата на Зеленото пазарче, изградбата на две згради и катна гаража спроти Бристол во Скопје, како и рестратирањето на Топилницата во Велес се дел од примерите кои предизвикаа незадоволство кај граѓаните и поради кои решија да го кренат својот глас за да не дозволат локалните власти да го истуркаат своето. Но, како што праксата покажува граѓанинот ретко е фактор чии аргументи се земаат во предвид. Колку тие навистина имаат можност да влијаат во донесувањето на одлуки во нивните општини и колку учествуваат во нивното креирање?

Во нашето
Многу малку можат граѓаните да влијаат. Прво пратениците, градоначалниците додека се бираат си кажуваат свои идеи, а потоа кога доаѓаат ниту пола од идеите не ги остваруваат, а пред тоа ветуваат „брда“ и долини.
законодавство има отстапен простор за граѓанско дејствување во рамките на локалните самоуправи, но дали таа поволност е искористена? Граѓаните велат дека не дејствуваат во нивните општини, бидејќи можат малку да влијаат врз локалните власти кои се грижат само за нивните интереси и фотелја.

„Многу малку можат граѓаните да влијаат. Прво пратениците, градоначалниците додека се бираат си кажуваат свои идеи, а потоа кога доаѓаат ниту пола од идеите не ги остваруваат, а пред тоа ветуваат ,,брда“ и долини.“

„Не верувам дека може да има влијание, кај нас граѓаните повеќе учествуваат на избори отколку што учествуваат во донесување на одлуки.“

„Тие градоначалници што се поставени на тие места се таму токму поради гласовите на граѓаните и затоа треба пред се тие што ја водат општината треба да мислат на своите гласачи.“

Граѓаните малку учествуваат во процесот на донесување одлуки во општините

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации вели дека локалната самоуправа е замислена како основна клетка на изразување на луѓето и нивното учество во креирање на одлуките и затоа е многу важно да се одвива на локално, а не на централно ниво во владата и минстерствата. Центарот спровел истражување во четири општини од источна Македонија и четири општини од скопскиот регион, кое покажало дека учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки е многу мал.

„На седница на Совет не учествувале 90% од учесниците, околу 92% не учествувале никогаш или не биле прашани или консултирани кога се составува буџетот на општината, што е многу важно, понатаму на јавна расправа 90 отсто не се консултираат ниту за изработка на некакви стратегии, некакви планови.“
Не верувам дека може да има влијание, кај нас граѓаните повеќе учествуваат на избори отколку што учествуваат во донесување на одлуки.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески признава дека граѓаните не учествуваат доволно во процесот на донесување на одлуки.
Но, според Петревски, во однос на власта и надлежностите кои тие ги имаат граѓаните се максимално вклучени во нивната работа.

„Од причини што ние се уште ја немаме целосно власта добиено на локално ниво, значи децентрализацијата е застаната, немаме децентрализација и аналогно на тоа недоволно и граѓаните учествуваат во однос на креирањето на политиката на локално ниво.“

90 отсто од граѓаните никогаш не се консултираат при изработка на планови и проекти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

90 отсто од граѓаните никогаш не се консултираат при изработка на планови и проекти, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Градоначалникот на Велес, Горан Петров вели дека општината неколку години спроведува пракса на вклученост на граѓаните, не само преку месните заедница, туку и преку невладините организации.

„При донесувањето на програмите врз основа на кои се димензионира буџетот, се организираат од страна на невладините организации, јавни расправи и таму не само што се разгледуваат предлозите туку и се прифаќаат и на тој начин се креира буџетот на општината, а преку креирањето на буџетот фактички се овозможува учество на граѓаните во сите активности, бидејќи сите активности на општината се поврзани со тие програми во коишто граѓаните непосредно учествуваат.“

Петров додава дека тоа се случува целата година.

„И во текот на годината после донесувањето на буџетот, можни се поднесувања на предлози и тоа го правиме во насока да бидат пред се истакнати проблемите и согласно со можностите на општината тие проблеми и да бидат решавани.“

Проблем, нецелосната децентрализација

Потпрестедателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Куманово, Зоран
На седница на Совет не учествувале 90% од учесниците, околу 92% не учествувале никогаш или не биле прашани или консултирани кога се составува буџетот на општината.
Дамјановски вели дека сепак се уште децентрализацијата не го доживеала својот врв, односно граѓанинот посредно или непосредно учествува во одлуки кои се значајни за неговиот живот.

„Меѓутоа со законот за децентрализација е направен еден гигантски чекор во однос на улогата на граѓанинот во решавање и креирање на политиката на локалната самоуправа од позиција што во многу сегменти има можност да учествува што посредно, што непосредно во такви одлуки.“

Татјана Фон Штајгер од Швајцарската агенција за развој и соработка која работи на проект за развој на локалната самоуправа вели дека во едно демократско општество граѓаните се оние кои ги бираат нивните претставници и кој ќе ги презентира нивните интереси и во процесот на донесување на одлуки мора да има директна комуникација меѓу двете страни.

Граѓаните се тие кои плаќаат данок и е јасно дека тие кои ги трошат парите имаа одговорност да дадат отчет, велат експертите

Граѓаните се тие кои плаќаат данок и е јасно дека тие кои ги трошат парите имаа одговорност да дадат отчет, велат експертите

„Градоначалникот и администрацијата која работи во општината има задача да им даде отчет како тие успеваат да ги бранат нивните интереси и како ќе ја развиваат општината во иднина. Граѓаните се тие кои плаќаат данок и е јасно дека тие кои ги трошат парите имаат одговорност.“

Но, од друга страна најголем дел од граѓаните никогаш не поднеле иницијатива во општината за решавање на некоков проблем, а причината е нивната инертност која е очигледна, вели Филков.

„Бидејќи и во општините каде што може да учествуваат и таму малку учествуваат е поради неколку причини. Прво, не се навикнати да одат и да поднесат барање или некоја жалба, преставка и да го видат резултатот од неа. Многу од нив не се информирани, околу 70- 80 остсто велат дека општината воопшто не ги повикува да учествуваат на такви настани, ова е многу висок процент.“

Според Петров, пак, заинтересираноста од страна на граѓаните е прилично голема и таа расте секојдневно.

„Така што навистина имаат можност своите забелешки за прашањата што ја засегаат нивната средина да бидат слушнати и во најголем дел доколку се тие издржани, реални, да бидат вградени во сите документи коишто ги носи општината.“

Од причини што ние сеуште ја немаме целосно власта добиено на локално ниво, значи децентрализацијата е застаната, немаме децентрализација и аналогно на тоа недоволно и граѓаните учествуваат во однос на креирањето на политиката на локално ниво.

Дамјановски смета дека голема улога има и невладиниот сектор преку кој непосредно дејствуваат граѓаните за многу теми и проблеми кои се јавуваат.

„Бидејќи чувството на граѓанинот за партиципирање пред се преку невладиниот сектор и нивно активно учество за водење на политиката за определени сегменти на градското живеење, се уште не се на тоа ниво за да се реални фактори во креирањето на политиките.“

Штајгер смета дека граѓаните се одговорни да ја искористат можноста и да издвојат време, а невладините организации треба да им помогнат.

„Како сектор кој може да им помогне со механизмите кои им се понудени од страна на општината и да ги презентираат нивните гледишта и да помогнат во понатамошниот развој на општината.“

Граѓаните, пак, признаваат дека им недостига поттик да се вклучат во креирањето и донесувањето одлуки во нивната заедница, бидејќи се преокупирани со други проблеми.

„Многу малку се ангажирани околу тоа заради тоа што скоро сите имаат свои проблеми, дури тие им се и многу помали проблеми, бидејќи има многу луѓе под стечај, технолошки вишок итн.“

„Па мислам дека не се организирани.“
За да ја водиш општината мора да се осигураш дека граѓаните како што вели законот се активно инволвирани во донесување на одлуките.

„Многу малку учествуваат бидејќи се опкружени со буквално да ја наречам, сиромаштија.“

Според Штајгер градоначалниците имаат обврска да ги вклучат граѓаните во процесот и да ги штитиш нивните интереси.

„За да ја водиш општината мора да се осигураш дека граѓаните како што вели законот се активно инволвирани во донесување на одлуките, а прашањето е како ќе го направат тоа. Она што го прави Швајцарија во изминативе години е тоа што не само општините, туку и ЗЕЛС им нуди инструмент кој помага за воспоставување на дијалог меѓу граѓаните и општината и градоначалникот.“

Филков додава дека оној мал процент кој дал некаков предлог или сугестија, општините не прават нивна анализа, туку стихијно ги примаат и ако можат ги решаваат.

„Значи ако општината е проактивна тогаш и граѓаните ќе го зголемат нивното учество во работата на оштината и во донесувањето на одлуките. Граѓаните им е најдобро дома да си седат и само да зборуваат и да се жалат, меѓутоа ако знаат дека општината ги моли, ги кани и дека тоа може нешто да предизвика, ќе направат напор, можеби не сите нормално, меѓутоа поголем број од оној што сега го прават за да учествуваат во тој процес на донесување одлуки.“

Петревски смета дека сите градоначалници како претставници на локалната власт се спремни и го слушаат гласот на граѓаните.

„Затоа што по природа на нештата ние сме избрани од тие граѓани и секој градоначалник сака да биде успешен градоначалник, ако не го слуша гласот на граѓаните нема да биде успешен градоначалник. Од тие причини ние сме непосредно до граѓаните и мислам дека не само во Охрид, туку и во другите градови градоначалниците и Советите имаат средби со граѓаните и го уважуваат нивното мислење.“

Според Петров при донесувањето на важни одлуки мора да биде вклучено и населението, бидејќи така налага законот и тоа се прави со спроведување на јавни расправи.
Пасивни општини, но и неиницијативни граѓани

Пасивни општини, но и неиницијативни граѓани

„Доколку објавиме дека имаме јавна расправа по однос на донесување на одреден детален урбанистички план, луѓето од таа урбана или месна заедница во поголем број ја посетуваат таа расправа, учествуваат со свои дискусии и свои предлози и сето тоа се зема во предвид при изработката на дефинитивната верзија на тој детален урбанистички план.“

Граѓаните велат дека како што кај нив нема голема заинтересираност за вклученост во работата на општините, така и кај локалните власти недостасува слух за нивниот глас.

„Многу малку се отворени спрема граѓаните, не е тука, неможе да ве прими.“

„Мислам дека треба да бараат мислење од граѓаните, мислам дека некогаш и некои одлуки се донесуваат пред да бидат проверени или издржани.“

„Јас мислам дека општината уште помалку има интерес да ги слуша граѓаните.“

Неиницијативност и пасивност и кај граѓаните

Филков вели дека е потребна е поголема информираност и потикнување на граѓаните од страна на општините.

„Ако е тоа систем, ако е тоа секојдневно, ако е тоа правило, ако е ставено во статутот на општината, тогаш мислам дека сите овие акти ќе имаат многу поголем успех, тогаш нема да се случи денеска да дознаеме за некоја измена туку тоа ќе биде процес и ќе дознаеме навреме и некаде одлуките ќе се донесат на пола со учество на граѓаните, меѓутоа и со ставовите на општината.“

Може да ги користат медиумите и новите електронски начини на комуникација како Фејсбук, како и многу други креативни начини да допрат до граѓаните

Тој додава дека треба да се создаде и еден систем во кој учество ќе земат сите засегнати страни.

„Полесно е вие да работите со 84 општини и тие да преземат нешто отколку со два милиона луѓе, убаво е да се работи и на двете страни, да се потикнуваат граѓаните меѓутоа полесно е општините, помалку се, тие да преземаат мерки, тие да се отворат, бидејќи романтизмот помина во локалната самоуправа, законот го имаме веќе долго време.“

Петревски вели дека кога општините ќе ја добијат целосно власта на локално ниво сликата ќе биде поинаква.

„Кога ние ќе ја добиеме власта на локално ниво, ако се однесуваме како централната власт тогаш нема да има децентрализација. Значи јас сметам дека откако ќе ја добиеме власта на локално ниво, да се пренесе до секој еден граѓанин, да се чувствува дека може да одлучува за своите пари што ги дава во вид на даноци, придонеси итн.“

Дамјановски пак смета дека клучната улога ја игра самиот граѓанин и неговата волја да придонесе во креирањето на одлуките.

„Тоа зависи и од граѓанската дисциплина, улогата и свеста на граѓанинот како чинител во фаза на креирањето, значи граѓанинот мора да биде поактивен.“

Штајгер смета дека општините мора поактивно да се ангажираат и има различни начини како ќе ги привлечат граѓаните.

„Може да ги користат медиумите и новите електронски начини на комуникација како Фејсбук, како и многу други креативни начини да допрат до граѓаните. Многу е важно да се воспостави таква редовна пракса и мора да стане дел од животот на општеството, каде од една страна општината нуди платформа, а граѓаните да ги охрабри да ги користат сите начини на комуникација за да ги покренат прашањата од кои се засегнати.“

Невладините велат дека полесно е општините да дејствуваат во име на народот, отколку секој поединец. Ингеренциите се дадени и мора општините да почнат да работат како сервис на граѓаните во што е и суштината на нивното постоење. Градоначалниците пак препознаваат дека граѓаните се подговени и имаат повисоко ниво на свест да учествуваат во креирањето и донесувањето на одлуки. Останува граѓаните да го искористат своето право и нивните избраници да почнат да играат по нивните правила.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG