Достапни линкови

Нова Демократија го условува Папандреу


,,Нема да има разговори за формирање преодна влада доколку грчкиот премиер Јоргос Папандреу не поднесе оставка,, изјави денеска портпаролот на главната опозициска партија Нова Демократија Јанис Михелакис, неколку часа пред гласањето за доверба на владата. ,,Ние сметаме дека Папандреу треба да поднесе оставка, а дека преодната влада треба да биде формирана со две цели: да се усвои пакетот мерки за помош и да се добие шестата транша од пакетот за спас. Потоа се неопходни избори,, изјави Михелакис.
XS
SM
MD
LG