Достапни линкови

logo-print

Вишеградската група со поддршка за Македонија


Штефан Филе

Штефан Филе

Македонија очекува што поскоро почнување на преговорите за пристапување во ЕУ, изјави денеска во Прага шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група, Словачка, Чешка, Унгарија и Полска, како и Словенија и земјите од западен Балкан. На состанокот учествуваа и комесарот за проширување Штефан Филе, како и директорот во службата за надворешни работи на ЕУ Мирослав Лајчак. Филе на прес конференцијата во Прага изјави дека Вишеградската група ја повторила препораката Македонија да започне преговори со Европската унија за што, како што изјави, решава Европскиот совет. ,,Се надевам дека пред одлуката на Светот ќе бидат искористени сите можности од двете страни за можно решение за спорот со името. Тоа ќе има влијание не само за македонските граѓани, туку и за целиот регион,, рече Филе.
XS
SM
MD
LG