Достапни линкови

Грција се откажа од референдумот за европската помош


Greece -- Prime Minister George Papandreou (L)

Greece -- Prime Minister George Papandreou (L)

Грција официјално се откажа од плановите за референдум за европската помош, изјави денеска грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос.
Тој го информирал еврокомесарот за економски и валутни прашња Оли Рен, германскиот министер за финансии и претседателот на Еврогрупата за решението на Грција да не спроведува референдум.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу повика синоќа на формирање „влада на широк консенсуз“ која би ја извлекла земјата од кризата и би ги применила одредбите од планот на ЕУ за избегнување државен банкрот.
Во пресрет на денешното гласање за доверба на социјалистичката Влада на Папандреу, чиј пад би ја турнал Европа во нова политичка криза, грчкиот премиер со тоа ја отвори можноста за одржување предвремени избори.
XS
SM
MD
LG