Достапни линкови

logo-print

Шацимаркакис во Скопје проговори на македонски


-„Драго ми е што сум овде и што можам да кажам неколку зборa на македонски. Се уште врувам во брз прием на вашата земја во ЕУ и имам само една цел да и помогнам на вашата земја да се вклучи во ЕУ“,- рече европратеникот Јорго Шацимаркакис на денешната прес-конференција во Собранието зборувајќи на македонски јазик.
Германскиот европарламентарец со грчко потекло, кој е копретседавач на Мешовитиот парламeнтaрeн комитет Македонија - ЕУ, посочи дека земјава бележи напредок на сите полиња, некаде повеќе, а некаде помалку, што е нотирано и во извештајот на Европската комисија.
Шацимаркакис кажа дека на Европската комисија ќе и ја пренесе резолуцијата на Собранието на Македонија во која најостро се протестира поради неупотребата на придавката „македонски“ во последните три извештаи на Комисијата и оти се надева дека тоа ќе биде исправено во следниот извештај.
Прашан дали ќе има последици неговото обраќање на македонски јазик во Грција, тој рече дека не се плаши од тоа бидејќи многу луѓе во Грција зборуваат македонски и немаат никакви проблеми, многу повеќе им е страв од реакцијата во Бугарија.
XS
SM
MD
LG