Достапни линкови

Анкета - 49,6 % задоволни од работата на владата


Според резултатите од телефонска анкета со 1.119 испитаници на Институтот за политички истражувања од Скопје од 28 октомври и 1 ноември годинава 49,6 насто од нив се задоволни од работата на Владата во првите 100 дена, а 47,2 отсто сметаат дека Владата ќе ги исполни предизборните ветувања.
На прашањето доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале, 23,9 проценти од испитаниците се изјасниле за ВМРО - ДПМНЕ, 13,6 за СДСМ, 7,5 за ДУИ, а 3,8 ДПА.
На прашањето дали Македонија заслужува да добие датум за преговори за влез во ЕУ 86,1 отсто се изјасниле позитивно. Од анкетираните 83,7 и 83,4 отсто се за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО. Сепак, 62,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата, не би прифатиле промена на името за меѓународна употреба, со цел да станеме членка на ЕУ и на НАТО.
XS
SM
MD
LG