Достапни линкови

Хрватска - референдум за штрајк на новинарите


Синдикатот на новинарите на Хрватска започна со референдум за генералниот штрајк на новинарите поради повеќегодишните одбивања на претставниците на новинските издавачи да го потпишат Колективниот договор со кој ќе се уредат минимум работни и материјални права за вработените во медиумите.
Референдумот започна во сите филијали на СНХ и ќе трае неколку дена додека
Иако СНХ направи повеќе отстапки со желба Колективниот договор сепак да се потпише, работодавачите не сакаат да ги признаат ниту елементарните материјални права на вработените во медиумите.
Според предлогот на работодавачите, новинар почетник би имал договорена само најниска плата од 534 евра во бруто износ, што е значително помалку од просечната бруто плата во државата.
XS
SM
MD
LG