Достапни линкови

(Не)Реални најави за повисоки плати и пензии?


Најавеното покачување на платите и пензиите ќе се случи пред изборите во 2103-та година.
Најавеното покачување на платите и пензиите ќе се случи пред изборите во 2103-та година.

Власта најавува покачување на платите и пензиите во 2013 година. Наместо калкулација со популистички мерки, експертите советуваат внимателност со оглед на случувањата во еврозоната.

Неизвесно е дали ќе се оствари најавата за зголемување на платите и пензиите во декември 2012 година (кое би било ефективно во 2013 година), со оглед на случувањата во соседството и Еврозоната, сметаат упатените, кои порачуваат избегнување на ваквите расходи во блиска
Во декември ќе има одлука за зголемување на платите во јавниот сектор, зголемување на пензиите и зголемување на социјалните надоместоци што ефективно ќе се реализира почнувајќи од јануари 2013 година.
Зоран Ставревски, министер за финансии.
иднина. Експертите порачуваат создавање на фискален простор за реакција на евентуални негативни ефекти од Грција и Еврозоната, но и покрај тоа Министерот за финансии, Зоран Ставрески, веќе најави зголемување на расходите за плати и пензии.

„Кај политиката на платите ќе биде застапено она што го предвидовме со нашата програма, односно во декември ќе има одлука за зголемување на платите во јавниот сектор, зголемување на пензиите и зголемување на социјалните надоместоци што ефективно ќе се реализира почнувајќи од јануари 2013 година.“

Шефот на кацеларијата на Светската банка во Македонија Лилија Бурунчук во интервју за РСЕ, говорејќи за ефектите од кризата во соседна Грција, препорача избегнување на зголемување на платите и пензиите во
блиска иднина:

„Македонија потребно е да се подготви да не создава ризици во системот. На пример, можеби ќе биде потребно да се избегнат покачувања на плати и пензии во блиска иднина со цел да се создаде фискален простор за реакција во случај на појава на фискални притисоци кои во иднина кризата би можела да ги создаде. Потребно е и да се ослободат ресурси за да се создаде средина со намалени трошоци за работа на бизнисите преку инвестиции во инфраструктурата.“
Македонија е потребно да се подготви да не создава ризици во системот. На пример, можеби ќе биде потребно да се избегнат покачувања на плати и пензии во блиска иднина.
Лилија Бурунчук, шеф на кацеларијата на Светската банка во Македонија.

Со оглед на неизвесната ситуација во соседна Грција, можно е власта да ги корегира своите очекувања, смета д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии.

„Значи ако ситуацијата таму сосема стане неконтролирана, што е можно, тогаш сигурно ќе се ревидираат и сите други планови кои сега се прават за крај на идната година, почеток на 2013 година. Претпоставувам дека не би било тешко тоа да се објасни, дека тие планови за покачување на плати не можат да се реализираат.“


Ваквите најави секако и носат поени на власта, смета Гглигоров:

„Сигурно од гледна точка на популарност на владата такви најави имаат позитивен ефект, претпоставувам на тоа се смета.“

Професо Никола Поповски вели дека платите на администрацијата и сличните расходи мора да ги следат трендовите во приватниот сектор:

Платите и пензиите за Декември 2012 се проектираат во Буџетот за 2013 година, затоа што тие се исплаќаат во Jануари 2013 година. Тој Буџет уште не е ни донесен ниту подготвен.
Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен Министер за финансии.
„Платите во приватниот сектор се во стагнација па дури и во намалување. Реалната куповна моќ опаѓа дури и според официјалните статистички податоци од Државниот завод за статистика. Не може владата да се однесува индиферентно кон најголемиот број на вработени во приватниот сектор и на нивниот грб да ја зголемува платата во јавниот сектор.“

Поповски објаснува дека евентуално зголемување на плати би се случило со буџетот за 2013 година, бидејки покачувањето не е проектирано во догодинешниот Буџет

„Платите и пензиите за Декември 2012 се проектираат во Буџетот за 2013 година затоа што тие се исплаќаат во Jануари 2013 година. Тој Буџет уште не е ни донесен ниту подготвен, што значи дека Владата даде, са кажеме, едно ветување кое го нема реализирано.“

Инаку, до сега платите на администрацијата и пензиите беа зголемени два пати. Третото зголемување беше одложено поради тогашните антикризни мерки.
XS
SM
MD
LG