Достапни линкови

Косово: Регионален состанок на министри за одбрана


Приштина

Приштина

Министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими денеска учествува на првиот Регионален состанок на министри за одбрана, кој се одржува во Пеќ, Република Косово.
На состанокот што првпат се одржува во Косово, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за одбрана на Република Албанија, Арбен Имами, помошник-министерот за одбрана на Црна Гора, делегации од министерствата за одбрана на Хрватска и на Бугарија, како и контра адмиралот Марк Монтгомери од Европската команда на САД.
Шефовите на делегациите, за време на состанокот ќе имаат можност да разменат искуства и да дискутираат за регионалната соработка, интеграцијата и максималното искористување на заедничките можности, по што ќе биде потпишана и заедничка изјава.
XS
SM
MD
LG