Достапни линкови

Втор ден од Мешовитиот комитет Македонија - ЕУ


Со усвојување на завршните препораки, денеска ќе биде заокружен дводневниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и ЕУ.
Оваа година Република Македонија да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и тие да започнат што е можно поскоро. Билатералните проблеми не треба да ги држат во заложништво македонските интеграциски процеси. Ова го порачаа во излагањата на вчерашната расправа вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи, шефот на дипломатијата Никола Попоски, копретседавачот Ќенан Хасипи и Андреј Петров, пратеник од СДСМ.
XS
SM
MD
LG